MTB Berovo

Опција А:

  • Должина на патеката 50км
  • Совладување висинска разлика 1500 м
  • Тежина: 8/10

Опција Б:

  • Должина на патеката 43км
  • Совладување висинска разлика 1100 м
  • Тежина: 5/10

Опис:

Оваа тура ви овозможува вистинска авантура низ #Малешевските планини. Патеката поминува низ коритото на реката #Брегалница, викенд населбата #Абланица, местото викано #Мелови потоа преминува од Пехчевскиот регион каде попатно можете да ги посетите дел од Пехчевските водопади ( Спиковски водопад и Скокото). Минувајќи покрај туристичката населба #РавнаРека се влегува во раскошната борова и букова шума на Малешевските планини. Највисоката точка на подолгата патека е врвот Ченгино Кале (1760мнв) викан по истоимената војничка караула од времето на СФРЈ (кота 48) која се наоѓа во подножјето на врвот. Авантурата за да биде повозбудлива доколку имаме среќа ќе ги сретнеме стадото од диви коњи во овој регион. Адреналинот е загарантиран со спустот кој што следува во должина од околу 10 км се до градот Берово.

Пократката патека се двои некаде пред караулата и се спојува токму на местото викано Бреза односно местото каде што обично се наоѓаат дивите коњи и продолжува со спустот се до градот.