Recent News

патека Граничен премин Клепало – Бачило

Патеката е долга 4,5 км. и започнува од граничниот премин Клепало на 1300 м.н.в. Се пешачи покрај самата граница со Бугарија и од највисоката точка на 1400 м.н.в. се гледа Пирин Планина во Бугарија како и прекрасен пејзаж во Македонија од борова, букова шума и бројни ливади. Висинската разлика во пешачењето е 250 м. Патеката […]

Беровско езеро

Беровско Езеро се наоѓа на шест километри југоисточно од Берово. Бетонската брана со која е преградена долината на Ратевска Река и создадено езерото е изградена во 1971 година. Браната е висока 46 m, со должина на круната од 200 m. Самото езеро е долго 2,3 km ишироко 0,25 km. Вкупната должина на бреговата линија околу […]

Мурите

Мурите е локалитет што се состои од мешана состоина од ела (Albies Alba), бука (Fagus Moesiaca), бел бор (Pinus silvestris) и смрча (Picea Excelsa), која расте на подлога составена од дволискунски порфиробластични гнајсеви со прекамбриска старост. Насадот во којшто се застапени елата и смрчата, со помали примеси на бел бор и бука, зазема површина од […]

Мелови – паркач

Мелови се многу интересни геоморфолошки форми, особено застапени во подрачјето во Малешевијата. Се одликуваат со карактеристичен амфитеатрален изглед кој се стеснува кон подножјето, така што наликуваат на пресечена инка. Набљудувајќи ги меловите, вниманието можат да ни го привлечат нивните страни. Тие обично се хоризонтално слоевити, изградени од неотпорни седиментни карпи (песоци, песочници, глини). Затоа и […]

Пехчевски водопади

Пехчевски Водопади, се наоѓаат на десетина километри југоисточно од Пехчево, во горниот, изворишен дел на реката Брегалница. Реката овде е длабоко всечена помеѓу планината Влаина на север и Малешевски Планини на југ, така штона некои места има кањонест изглед. Токму тука се создале5 поголеми водопади и бројни каскади на Брегалница и нејзините притоки, каде чистата […]

Ченгино кале

Ченгино Кале (или Калето) на Малешевските Планини, на самата граница со Република Бугарија, е најисточната месност на Република Македонија. Височина на врвот изнесува 1.752 m. Граничната линија на овој простор, во должина од 12 m поминува преку мало природно езерце. Езерцето е со меридијански правец, во должина од 40 m, површина од 310 m2 и […]