Бреза – Идила 2
– Беровско Пехчевски регион – Патеката е во должина од 8км со вкупна вертикална денивелација од -520m. Почетокот е од месноста Бреза и се спушта кон Мотелот Идила близу Рамна река и се движи низ густа борова шума.
Бреза – Клепало
– Беровски регион – Патеката е во должина од 8км со вкупна вертикална денивелација од -400m. Почетокот е од месноста Бреза и се спушта кон месноста Клепало и се движи низ густа борова шума.
Берово Голем Круг
– Беровско Пехчевски регион – Патеката во должина од 48км е кружна која почнува и завршува на Беровски езеро а се движи кон викенд населбата Абланица кон спортскиот рекреативен центар во општина Пехчево Равна Река, околните водопади по течението на река Брегалница опколени со прекрасна борова шума. Патеката продолжуваат кон старата караула Ченгино кале, Мандрата, […]
Круг околу викенд населба на Беровско Езеро
– Беровски регион – Патеката е во должина од 17км со вкупна вертикална денивелација од +740m / -800m. Почетокот е од Беровско Езеро и се движи околу викенд населбата до месноста Бреза и се спушта назад кон патот кон граничниот премин со Р.Бугарија и продолжува на спротивната страна до почетокот на езерото.
Мандра – Клепало
– Беровски регион – Патеката е во должина од 11км со вкупна вертикална денивелација од +213m / -559m. Почетокот е од месноста Мандрата и се спушта кон месноста Клепало и се движи низ густа борова шума.
патека Абланица – Равна река
Патеката е 8 км. долга и започнува од Берово, минува низ населбата Абланица на 910 метри надморска височина. Се оди по местото Кутунец 1004 м.н.в. и патеката завршува на местото Конар на 1098 м.н.в. на 2,5 км од првите водопади на Равна река. Патеката ги спојува Беровскиот со Пехчевскиот регион поточно со местото Равна река […]
патека Берово – Абланица – Берово
Патеката е 7 км. долга и започнува од Берово на 850 метри од црквата Св. Богородица, значајна за беровчани, со традиција на организирање на црковен оброк на празникот Успение на пресвета Богородица на 28 Август. Патеката во првата половина се движи покрај реката Брегалница и води до населбата Абланица. Висинската разлика во пешачењето е 120 […]
патека Берово – Беровско езеро
Патеката е 6,5 км. долга и започнува од Берово на 850 метри надморска височина. После 3 км пешачење се минува низ викенд населбата Абланица и реката Брегалница. Највисоката точка на патеката е 1050 м.н.в. Патеката минува низ борова и букова шума и завршува на Беровско езеро на 1000 м.н.в. со висинска разлика од 200 метри.
патека Берово – Ратево
Патеката е 5,5 км. долга и започнува од Берово на 850 метри надморска височина. Во почетниот дел од пешачењето се минува покрај црквата Св. Илија, значајна црква за Беровчани со традиција на организирање на црковен оброк на празникот Илинден на 02 Август. Највисоката точка на патеката е на местото Рачица на 1080 м.н.в. и од […]
патека Беровско Езеро – Двориште – Бела вода
Патеката е 20 км. долга и започнува од вливот на Клепалска Река во Беровското езеро на 950 метри надморска височина. Почетниот дел од 7 км. е искачување, а после првиот час пешачење се стига на Бачило Каламадевски. Највисоката точка на патеката е на местото Бабин Чукар на 1403 м.н.в. од каде се гледа врвот на […]