Беровско Езеро

Беровско Езеро се наоѓа на шест километри југоисточно од Берово. Бетонската брана со која е преградена долината на Ратевска Река и создадено езерото е изградена во 1971 година. Браната е висока 46 m, со должина на круната од 200 m.

Самото езеро е долго 2,3 km ишироко 0,25 km. Вкупната должина на бреговата линија околу езерото изнесува 8,3 km, а површинатае 0,57 km². Најголемата длабочина на Беровско Езеро е околу 42m и се наоѓа на 200 – 300 m од браната.

Поради релативно високата надморска височина, Беровското Езеро и неговата околина го карактеризираат свежи лета и студени зими. Температурите во лето се движат од 23°С до 25°С преку ден, а преку ноќ се спуштаат и до 12°С.

Преку зима, температурите можат да се намалат до -20°С, па дури и пониско. Всушност, во самиот град Берово е забележана апсолутно најниската температура во Македонија од -31,5°С.

Ваквата клима го прави овој крај одлично прибежиште, посебно во летниот период од годината.

Заради високата концентрација на кислород, многу посетители доаѓаат не само „да наполнат батерии“ туку и за рехабилитација.

Бреговите на езерото изобилуваат со бујна борова и букова шума. На зарамнините се протегаат терени со разнобојни цвеќиња, шумски плодови и разни чаеви.

Поради поволната местоположба, во чистата и недопрена природа на надморска височина од 1000 метри, покрај езерото се изградени повеќе туристички капацитети.

Езерото овозможува спортски риболов, а на крајбрежјето има ресторан, туристички бунгалови и детско одморалиште.

Долж езерото се протегаат голем број вили за изнајмување, прекрасни терени за излет, рекреација и спортови.

Во последно време езерото организирано го посетуваат странски туристи.

Во Беровско и Малешевијата се приготвуваат многу традиционални лекови од природни состојки за разни болести како боровиот сируп или мед, кој се користи за болести на дишните органи