Манастир „Св. Архангел Михаил“

Берово Манастирот „Св. Архангел Михаил“ е првата манастирска црква во Берово која е изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Се наоѓа на излезот од Берово, на патот што води кон браната и езерото. Црквата со голем трем, изградена во архитектурен опус од XIX век, доминира во манастирскиот двор.

Во нејзината внатрешност ликовите на светителите се насликани во карактеристичен стил што отстапува од византиските канони. За изградбата на црквата и манастирот постојат повеќе легенди, но едно е сигурно дека градењето се одвивало под многу тешки услови. Една од легендите зборува дека парохискиот свештеник поп Пецо бил задолжен да добие дозвола за градба од Уќуматот што се наоѓал во Радовиш.

Валијата ја одбрил изградбата но под три услови, имено црквата да биде изградена под нивото на патот за да не може да се гледа, да биде изградена за четириесет дена и поп Пецо најмалата своја керќа Султана да ја даде во харемот. Со голем труд и пожртвуваност црквата била изградена, а бидејќи Султана не 15 Допри до природата сакала да замине во харемот избегала во Ќустендил, а поради тоа поп Пецо бил затворен.

Темелите на првиот женски манастир во Берово се подигнати дваесет години по изградбата на црквата. Први калуѓерки во манастирот биле снаата и керќата на поп Ристо зет на поп Пецо кои се замонашени со благослов на игуменот на Рилскиот манастир. Денес сестринството во овој манастир изработува икони во византиски стил, за иконостаси, или по нарачка. Манастирот е пристапен и отворен за духовните потреби на секој добронамерен посетител.

o Манифактура за мозаици

Берово Манастирот „Св. Архангел Михаил“ е првата манастирска црква во Берово која е изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Се наоѓа на излезот од Берово, на патот што води кон браната и езерото. Црквата со голем трем, изградена во архитектурен опус од XIX век, доминира во манастирскиот двор. Во нејзината внатрешност ликовите на светителите се насликани во карактеристичен стил што отстапува од византиските канони. За изградбата на црквата и манастирот постојат повеќе легенди, но едно е сигурно дека градењето се одвивало под многу тешки услови. Една од легендите зборува дека парохискиот свештеник поп Пецо бил задолжен да добие дозвола за градба од Уќуматот што се наоѓал во Радовиш. Валијата ја одбрил изградбата но под три услови, имено црквата да биде изградена под нивото на патот за да не може да се гледа, да биде изградена за четириесет дена и поп Пецо најмалата своја керќа Султана да ја даде во харемот. Со голем труд и пожртвуваност црквата била изградена, а бидејќи Султана не 15 Допри до природата сакала да замине во харемот избегала во Ќустендил, а поради тоа поп Пецо бил затворен. Темелите на првиот женски манастир во Берово се подигнати дваесет години по изградбата на црквата. Први калуѓерки во манастирот биле снаата и керќата на поп Ристо зет на поп Пецо кои се замонашени со благослов на игуменот на Рилскиот манастир. Денес сестринството во овој манастир изработува икони во византиски стил, за иконостаси, или по нарачка. Манастирот е пристапен и отворен за духовните потреби на секој добронамерен посетител.