Маврово – велосипедски и пешачки патеки

Дводневно уживање на Бистра планина, во националниот парк Маврово. Првиот ден е предвиден за велосипедска тура (во зависност од психофизичката кондиција) и тоа:
*МТБ Маврово голем круг
*круг околу Мавровско езеро и посета на потопената црква (само во летен период)

=Стартот на *МТБ Маврово голем круг е во Маврово од големиот паркинг.
Возејќи по самата обала на мавровското езеро се поминува низ с.Никифорово и с.Леуново каде што од Леуново по оффроад пат се влегува во густа шума и се искачува на Бистра планина до местото викано Чавкарник каде се прави поголема пауза. Прекрасни пасишта, големи ливади и по некое стадо овци се само дел од гледката која ќе имате можност да ја видите. Последниот дел од патеката е адреналински спуст се до Маврово.

Вкупна должина 35 км
Елевација 900 м
Вкупно време потребно 5 часа

= Стартот на патеката околу Мавровско езеро е од централниот паркинг и се вози по асфалтниот пат до Маврови анови притоа поминувајќи ја браната на Мавровското езеро. По кратка пауза во некои од локалните ресторани во Маврови анови, патеката продолжува до раскрсницата Бунец каде се упатуваме кон с. Леуново. Патот од Леуново преку Никифорово па се до Маврово е вистинско уживање. Следната пауза е во Хотел Радика, прекрасен хотел со плажа на самото езеро. Последниот дел од патеката е вистинско уживање низ дебелите сенки и ходник од дабовата шума што е големо задоволство во летните температури.

Вкупна должина 32км
Елевација 330м
Вкупно време потребно 3.5 часа