За Нас!

Спортско Планинскиот Клуб Малешевска Корија, Берово е здружение на љубители на планината, за рекреација во планина, туризам во планина, за грижа и заштита на природата, но и на културните и историските знаменитости во природа, за подигање на граѓанската свест за здрав живот, за да помага, врши едукација и организира активности и настани во однос на се погоре наведеното, а во духот на самоодржливиот развој. Основан е и активен од 2013 година.

Планинарско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово е здружение на љубители на планината, за рекреација, туризам, за грижа и заштита на природата, но и на културните и историските знаменитости во природа, за подигање на граѓанската свест за здрав живот, за да помага, врши едукација и организира активности и настани во однос на се погоре наведеното, а во духот на самоодржливиот развој. Основан е и активен од 2013 година и брои солидно членство чиј број постојано расте.

Визија: Светски поредок кој ќе ја подржува  природата и не загадената животна средина и ќе живее по принципот на самоодржливиот развој

Мисија: Едукацијата за животната средина, да се развие светска популација која е свесна за околината, сопствената директна зависност од неа и проблемите поврзани со неа и која има знаење, вештини, ставови, мотивација и посветеност да работи индивидуално и колективно кон решенија на тековни проблеми и спречување на нови, кон општ самоодржлив развој.

Заклучок: Живеењето на свесен живот во животната средина прави голема разлика во нашето постоењето, како за нас, така и за идните генерации, тоа е голем предизвик, но секако возможна мисија. Тоа е нашата реалност кон која се стремиме, која сакаме да ја споделиме со вас и заеднода ја развиваме, релизираме и уживаме. Заедно сме посилни и можеме се, со цел прогресивен позитивен самоодржлив развој.