Recent News

Маврово – велосипедски и пешачки патеки

Дводневно уживање на Бистра планина, во националниот парк Маврово. Првиот ден е предвиден за велосипедска тура (во зависност од психофизичката кондиција) и тоа: *МТБ Маврово голем круг *круг околу Мавровско езеро и посета на потопената црква (само во летен период) =Стартот на *МТБ Маврово голем круг е во Маврово од големиот паркинг. Возејќи по самата […]

Беровско Езеро

Беровско Езеро се наоѓа на шест километри југоисточно од Берово. Бетонската брана со која е преградена долината на Ратевска Река и создадено езерото е изградена во 1971 година. Браната е висока 46 m, со должина на круната од 200 m. Самото езеро е долго 2,3 km ишироко 0,25 km. Вкупната должина на бреговата линија околу […]

Бачило Клепало

На 15км од Берово, на 1400мнв на самата граница со Бугарија, се наоѓа најпознатото традиционално бачило во земјата „Бачило Клепало“. Тука можете да уживата во недопрената природа, маркираните патеки за планинарење и планински велосипедизам, автентичните малешевски специјалитети подготвени на самото бачило од вештите раце на баба Весела.

Џип – ОффРоад патека

За оние кои денот сакаат да го поминат уживајќи низ малешевските природни и културни убавини кои се наоѓаат во внатрешноста на оваа планина, ви нудиме можност за незаборавна 4×4 OffRoad авантура. Пикник на планина е само дел од задоволствата кои би ги искусиле со нас. Во зависност од вашата желба и заинтересираност, патеката ќе ја […]

Ендуро патека

Малешевските планини покрај велосипедски, планинарски и 4×4 OffRoad патеки, ви нудат извонредна можност за ЕНДУРО тура. Местото изобилува со прекрасни терени кои ви гарантираат 100% адреналинско возење и ужување во оваа природа. Ви нудиме над 70 км ендуро патеки низ Малешевијата по ваш избор.

Беровско езеро – Абланица

Опис на патеката:Патеката е во должина од 4км со вкупна вертикална денивелација од -160m. Почетокот е од месноста Беровско Езеро и се спушта до викенд населбата Абланица над Берово.

Бреза – Идила 1

– Регион: Беровскo Пехчевски регион – Опис на патеката:Патеката е во должина од 5км која почнува од Месноста Бреза и завршува во близина на мотелот Идила близу Рамна река. Висинската разлика е -450m.

Бреза до Водопади

– Регион: Беровскo Пехчевски регион – Опис на патеката:Патеката е во должина од 3км која почнува од Месноста Бреза и завршува кај водопадите на Брегалница над месноста Рамна река. Висинската разлика е +180m.

Кратенка Бреза

– Регион: Беровски регион – Опис на патеката:Патеката е во должина од 3км со вкупна вертикална денивелација од -100m. Почетокот е од месноста Бреза и се спушта кон патеката која се спушта од месноста Мандрата.