Recent News

Јудови ливади – дросера растение

Локалитетот „Јудови ливади“ е оддалечен 2 km североисточно од Пехчево, во подножјето на Буковик (1723 m), на околу 1100-1200 m надморска височина. Се одликува со единствена флора на територијата на општина Пехчево и пошироко. Имено, на тресетиштата и влажните ливади на овој простор се развива инсектојадното растение муволовка (Drosera rotundifolia) кое многу ретко се среќава […]

Кукоља

Кукуље кај с.Нов Истевник е уникатна релјефна појава на падините на ниската планина Бејаз Тепе, речиси на половина пат помеѓу Делчево и Пехчево. До локалитетот се доаѓа преку регионалниот пат Делчево-Берово, при што кај с. Нов Истевник се исклучува од главниот пат и по тесен асфалтен пат се стигнува до самото село. Потоа, по пешачка патека […]

Врв Кадиица

Планината Влаина припаѓа во групата средновисоки планини. Се протега по должината на границата со Бугарија, од нејзината северна страна од превалот Црна Скала, која претставува и граница со Осоговските Планини. Кон југоисток, во потег од 40 km, се издигнуваат некоклу карактеристични врвови како Острец, Китка, Обел и Кадиица. Планинските падини се стрмни, особено на западната […]

Традиционални произведувачи на еко храна

• Мед Пчелите што Малешевци ги одгледуваат го даваат најдобриот мед – планински и ливадски. Медот може да го вкусите и со многубројните додатоци како ореви, бадеми, лешници. Освен медот многу барани производи се и матичниот млеч и прополисот, кој наоѓа примена во лекување на разни болести. Интересен за е и медот во саќе односно […]

Цркви и Манастири

Општина Берово има богато културно наследство. Најдобро зачувани споменици на културата во Малешевијата се старите, реновирани или обновени цркви во населбите. Ги има речиси во сите населени места, се разбира, со различна историска и културно – уметничка вредност. Некои од нив се со прекрасни иконостаси, нaправени од вредните мајстори, украсени со оригинални и уметнички вредни […]

Манастир „Св. Архангел Михаил“

Берово Манастирот „Св. Архангел Михаил“ е првата манастирска црква во Берово која е изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Се наоѓа на излезот од Берово, на патот што води кон браната и езерото. Црквата со голем трем, изградена во архитектурен опус од XIX век, доминира во манастирскиот двор. Во нејзината внатрешност ликовите на […]

Црквата Пресвета Богородица

Црквата Пресвета Богородица се наоѓа на периферијата на Берово. Црквата е изградена 1972-1975 година, во стилот на византиско-македонските цркви од среден век. На тоа место постоела црква уште од далечно минато, за време на покрстувањето на македонските словени, кои живееле во Брегалничко-абланичката клисура, а под неа имало темели на уште постара црква. Празникот Успение на […]

Музејот на Берово

Музејот на Берово е местото каде би требало да го почнете запознавањето со Берово. Сместен е во прекрасна зграда во самиот центар на градот, која е реконструирана во духот на оригиналната архитектура од крајот на 19-ти век, за која беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. Исто така значајно е […]

Археолошки локалитет св Петка

Археолошкиот локалитет „Св. Петка“ се наоѓа на 4 km североисточно од Пехчево, во месноста „Св. Петка“, кај локалното население позната и како „Манастир“. Станува збор за старохристијанска црква со димензии 7 х 13 m, односно за манстирски комплекс со поголеми димензии кој, покрај остатоците од црква градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти […]

Врв Петлец – Гроб на Даме Груев

Локалитетот Петлец е оддалечен 12 km од Берово, во близина на Русиново на оддалеченост 7 km од селото. На ова место, во срцето на Малешевските Планини, во 1906 година згасна животот на Дамјан Груев, еден од најголемите македонски револуционери, визионер и борец за самостојна и независна Македонија. Во негова чест секоја година, викендот пред 23 […]