Category: Културни знаменитости

Цркви и Манастири

Општина Берово има богато културно наследство. Најдобро зачувани споменици на културата во Малешевијата се старите, реновирани или обновени цркви во населбите. Ги има речиси во сите населени места, се разбира, со различна историска и културно – уметничка вредност. Некои од нив се со прекрасни иконостаси, нaправени од вредните мајстори, украсени со оригинални и уметнички вредни […]

Манастир „Св. Архангел Михаил“

Берово Манастирот „Св. Архангел Михаил“ е првата манастирска црква во Берово која е изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Се наоѓа на излезот од Берово, на патот што води кон браната и езерото. Црквата со голем трем, изградена во архитектурен опус од XIX век, доминира во манастирскиот двор. Во нејзината внатрешност ликовите на […]

Црквата Пресвета Богородица

Црквата Пресвета Богородица се наоѓа на периферијата на Берово. Црквата е изградена 1972-1975 година, во стилот на византиско-македонските цркви од среден век. На тоа место постоела црква уште од далечно минато, за време на покрстувањето на македонските словени, кои живееле во Брегалничко-абланичката клисура, а под неа имало темели на уште постара црква. Празникот Успение на […]

Музејот на Берово

Музејот на Берово е местото каде би требало да го почнете запознавањето со Берово. Сместен е во прекрасна зграда во самиот центар на градот, која е реконструирана во духот на оригиналната архитектура од крајот на 19-ти век, за која беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. Исто така значајно е […]

Археолошки локалитет св Петка

Археолошкиот локалитет „Св. Петка“ се наоѓа на 4 km североисточно од Пехчево, во месноста „Св. Петка“, кај локалното население позната и како „Манастир“. Станува збор за старохристијанска црква со димензии 7 х 13 m, односно за манстирски комплекс со поголеми димензии кој, покрај остатоците од црква градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти […]

Врв Петлец – Гроб на Даме Груев

Локалитетот Петлец е оддалечен 12 km од Берово, во близина на Русиново на оддалеченост 7 km од селото. На ова место, во срцето на Малешевските Планини, во 1906 година згасна животот на Дамјан Груев, еден од најголемите македонски револуционери, визионер и борец за самостојна и независна Македонија. Во негова чест секоја година, викендот пред 23 […]

Ткајачка

Жените од Малешевијата како чувари на традицијата се уште со голем ентузијазам ја обработуваат волната од овци и кози и изработуваат облека и јамболии, килими, пешкири, черги и др.

Филц

Филцот е современа техника, но во Mалешевијата e позната од многу одамна како правење на “калчини“ (потколеници и елеци за комитите).

Ковач

Важноста на ковачилницата низ вековите наназад била огромно. Без незините изработки како алатките за домаќиство, градинарство, сточарство, па дури и изработката на оружје, не можело да се замисли секојдневието на луѓето. Во Берово работилници од овој занает сеуште живо работат и тоа по вековно старите начини на изработка, создаваат предмети со квалитет кој трае со […]

Изработувач на каци и бочви

Македонија како земја на виното има голема потреба од бочварскиот занает, а се поретки се луѓето кои се занимаваат со овој занает. Изработката на бочва е макотрпна работа од која зависи квалитетот на виното. Најквалитетна бочва се произведува од Француски Даб или Цреша.