Археолошки локалитет св Петка
Археолошкиот локалитет „Св. Петка“ се наоѓа на 4 km североисточно од Пехчево, во месноста „Св. Петка“, кај локалното население позната и како „Манастир“. Станува збор за старохристијанска црква со димензии 7 х 13 m, односно за манстирски комплекс со поголеми димензии кој, покрај остатоците од црква градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти во функција на манастирското стопанство. Ѕидините од старохристијанската базилика сведочат за животот на монахињите.Според локалните верување и легенди станувало збор за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се слушал дури во Берово и Царево Село (Делчево). Во 2000 година Министерството за култура на Република Македонија и Македонската Православна Црква обезбедија средства за делумна конзервација на објектот. Неодамна, до локалитетот е изграден асфалтен пат, со што е лесно достапен за посета на туристите. Поради одличната местоположба и височината на која се наоѓа (1045 m), од овде се протега восхитувачки поглед кон Малеш на југ и Пијанец на север.