Традиционални произведувачи на еко храна
• Мед
Пчелите што Малешевци ги одгледуваат го даваат најдобриот мед – планински и ливадски. Медот може да го вкусите и со многубројните додатоци како ореви, бадеми, лешници. Освен медот многу барани производи се и матичниот млеч и прополисот, кој наоѓа примена во лекување на разни болести. Интересен за е и медот во саќе односно мед кој сеуште не е изваден од рамката во која пчелите го произвеле.
• Слатко и сокови
Специфичната клима им дава квалитет на овошките и зеленчукот кои се застапени во овој регион. Слаткото од шумските јагодки, смоквата малините и капините се само неколкуте традиционално произведени продукти кои ќе имате можност да ги дегустирате во овој регион.
Доколку го посетите малешевскиот регион во период измеѓу почетокот на летото па се до доцната есен, шетајќи по патеките ќе имате можност сами да си наберете органски шумски плодови ( јагоди, малини и капини )