Местоположба

• Во источниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 670 до 1050 метри, во подножјето на Малешевските планини се наоѓа Малешевската котлина. Највисок врв е Кадиица со 1932м н.в. Општина Берово на југ се граничи со Општините Ново Село, Босилово и Василево, на запад со Радовиш и Виница, на север со Делчево и Пехчево, а на исток е државната граница со Р.Бугарија и општините Струмјани и Сандански.

• Онаму каде што реката Брегалница навлегува во Малешевската котлина на самото најзино грло од двете страни е распространет градот Берово. Вкупната површина на Општина Берово изнесува 595м2.

• Релјефот е претежно ридско-планински. Рамничарски се терените околу речното корито на реката Брегалница, како и висорамнините ширум Малешевските планини.

• Она што ние им го нудиме на нашите посетители е сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, авантури: планинарење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, кајакарење на мирни води, излет со скара покрај езеро, оброк на бачило со три-вековна традиција…, тематски туризам-прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам