МТБ Азот

Богомила и регионот АЗОТ (Велес) е очекува со сета своја природна убавина. Единствена прилика да го вдишете духот на Богомилите, да се сликате на Римскиот мост во Богомила, да возите низ преубавите села Папрадиште, Нежилово, Црешнево, Капиново… да пиете чај на трева пред планинарскиот дом во Чеплес, да вкусите каша од домашен вргањ во Бистрица,неколку водопади долж патеката, поглед од милион долари кон Солунска глава…

ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ:

  • Mountainbike АЗОТ 2019 мтб Предизвик – голема патека: 
    Должина 53.5 km +1805 m / -1803 m и тоа: 
    Богомила-Црешнево-Капиново-Нежилово-Чеплес-Папрадиште-Прилепски пат-Богомила 
    Старт и цел на ГОЛЕМИОТ МАРАТОН е селото Богомила ( школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов)на надморска висина од 497 мнв. Патеката поминува низ неколку села од областа Азот и тоа село Богомила, село Црешнево, село Капиново, село Нежилово, село Папрадиште Планинарски дом Чеплес како и природни знаменитости: течението на река Бабуна низ селата Нежилово и Богомила, течението на чеплеска река која се влева во Бабуна во селото Нежилово.Близина на изворите на реката Бабуна, поглед кон врвот Солунска глава ( 2451 мнв). Највисоката висинска точка на која поминуваат велосипедистите е 1435мнв. Планинарскиот дом Чеплес е на надморска височина од 1410мнв.
  • Mountainbike АЗОТ 2019 мтб Предизвик – средна патека: 
    Должина 34.5 km +1011 m / -1008 m
    (средната патека се содржи во описот на големата патека)
    Патеката е на релација Богомила-Нежилово-пл.дом Чеплес-Папрадиште-Богомила
  • Mountainbike АЗОТ 2019 мтб Предизвик – мала патека – „Прилепски пат“: 
    Должина 16.9 km · +442 m / -440 m
    (малата патека се содржи во описот на големата патека)
    Пaтеката е на релација Богомила-Прилепски пат-Стровија преслап-бандери-Богомила