патека Граничен премин Клепало – Бачило
Патеката е долга 4,5 км. и започнува од граничниот премин Клепало на 1300 м.н.в. Се пешачи покрај самата граница со Бугарија и од највисоката точка на 1400 м.н.в. се гледа Пирин Планина во Бугарија како и прекрасен пејзаж во Македонија од борова, букова шума и бројни ливади. Висинската разлика во пешачењето е 250 м. Патеката води до едно од најпознатите бачила во Македонија – Бачило “Клепало”, каде посетителите може да бидат услужени со локални малешевски специјалитети. Патеката завршува на асвалтниот пат до Клепалска река на 1150 м.н.в.