патека Берово – Абланица – Берово

Патеката е 7 км. долга и започнува од Берово на 850 метри од црквата Св. Богородица, значајна за беровчани, со традиција на организирање на црковен оброк на празникот Успение на пресвета Богородица на 28 Август. Патеката во првата половина се движи покрај реката Брегалница и води до населбата Абланица. Висинската разлика во пешачењето е 120 м, односно највисоката точка во пешачењето е 970 м.н.в. Крајот на патеката е на местото Јуовец на 900 м.н.в. на источниот дел од Берово кое нуди прекрасен поглед на градот.

ПРЕВЗЕМИ GPS