патека Абланица – Равна река
Патеката е 8 км. долга и започнува од Берово, минува низ населбата Абланица на 910 метри надморска височина. Се оди по местото Кутунец 1004 м.н.в. и патеката завршува на местото Конар на 1098 м.н.в. на 2,5 км од првите водопади на Равна река. Патеката ги спојува Беровскиот со Пехчевскиот регион поточно со местото Равна река кое е најзначајна туристичка дестинација за градот Пехчево. Патеката е погодна и за пешаци и за велосипедисти.