патека Беровско Езеро – Двориште – Бела вода

Патеката е 20 км. долга и започнува од вливот на Клепалска Река во Беровското езеро на 950 метри надморска височина. Почетниот дел од 7 км. е искачување, а после првиот час пешачење се стига на Бачило Каламадевски. Највисоката точка на патеката е на местото Бабин Чукар на 1403 м.н.в. од каде се гледа врвот на највисоката планина во овој дел од Малешевијата – Огражден и неколку врвови од планината Беласица. Патеката минува низ местото Туртела (археолошки локалитет од 4 век) покрај црквата Св. Илија и низ село Двориште на 950 м.н.в. Од селото патеката продолжува по планината Огражден и завршува на местото Бела вода на 1200 м.н.в со висинска разлика од 453 м. Патеката е живописна и се нуди прекрасен поглед на ливади, борова и букова шума.