Ковач

Важноста на ковачилницата низ вековите наназад била огромно. Без незините изработки како алатките за домаќиство, градинарство, сточарство, па дури и изработката на оружје, не можело да се замисли секојдневието на луѓето. Во Берово работилници од овој занает сеуште живо работат и тоа по вековно старите начини на изработка, создаваат предмети со квалитет кој трае со години и генерации. Секако и овој занает е во опасност од изумирање.