Воденичар
Воденичарството е стар занает со кој на традиционален начин се произведува брашно од житните култури, кои биле и сеуште се, основен елемент во исхраната на луѓето. Водениците се граделе покрај реките каде што водата се искористувала за придвижување на големите тркалезно-мазни камења, кои ги мелеле разните житарки од кои се добивало брашно кое го користеле за месење леб, качамак и други нешта.
Токму во овој регион ќе имате можност да посведочите на овој стар начин на производство на прехранбени производи за задоволување на елементарните потреби на секое домаќиство од минатото.