Пехчевски водопади
Пехчевски Водопади, се наоѓаат на десетина километри југоисточно од Пехчево, во горниот, изворишен дел на реката Брегалница. Реката овде е длабоко всечена помеѓу планината Влаина на север и Малешевски Планини на југ, така штона некои места има кањонест изглед. Токму тука се создале5 поголеми водопади и бројни каскади на Брегалница и нејзините притоки, каде чистата и студена вода весело жуборејќи го пренесува зборот за убавините на Малешевијата. До водопадите се доаѓа по локалниот асфалтен пат од Пехчево до туристичката населба Равна Река.Следејќи ја долината, прв е Спиковски водопад на Спиковска Река, десната притока на Брегалница. Кон водопадот висок 8 m, води добро уредна пешачка патека долга 500 m, со поставени летниковци и клупи за одмор. Потоа следува Црндолски водопад на истоимената притока на Брегалница, висок околу 5 m. Уредната пешачка патека што води до овој водопад e долга околу 400 m, со многу летниковци и места за одмор на посетителите и е доста погодна за пешачење.
Скокото е третиот водопад кој се наоѓа на самата река Брегалница веднаш по спојувањето на Љутачка и Ж’тачка Река. Водопадот е висок околу 7 m и располага со големо количество вода. До самото место води уредена пешачка патека со должина од околу 1500 m. Водопадот на Љутачка река е четвртиот по ред, со височина од околу 10 m. По патот до него има поставено клупи за одмор. Петтиот и последен поголем водопад е Ж’тачки водопад на истоимениот поток, кој со своите 14 m е највисок. Иако долго време не била позната нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. Сите водопади изобилуваат со планинска убавина. Водопадите се пристапни, означени со добра сигнализација и инфо-табли. Целиот простор е убаво уреден, во прекрасна планинска област со густи шуми и чист воздух.
Водопадите во изворишниот дел на Брегалница нарекувани и Пехчевски Водопади, се наоѓаат на десетина км југоисточно од Пехчево, во рамките на истата општина. Реката Брегалница овде е длабоко всечена помеѓу планината Влаина на север и Малешевски Планини на југ. На некои места долинските страни се толку стрмни што наликуваат на мал кањон. Токму тука постојат 7 водопади во прекрасната, густата борова и букова шума. Само два од овие водопади всушност се на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Ж’тачка река и Спиковски Андак. Водопадите се лоцирани во месноста Валавичка река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел. Иако долго време не била позната нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите. Сите водопади изобилуваат со планинска убавина. Најбогат со вода и најголем е еден од двата водопади на Брегалница, а со височина од 14 метри, највисок е водопадот на брегалничката притока Ж’тачка река.