Кукоља
Кукуље кај с.Нов Истевник е уникатна релјефна појава на падините на ниската планина Бејаз Тепе, речиси на половина пат помеѓу Делчево и Пехчево. До локалитетот се доаѓа преку регионалниот пат Делчево-Берово, при што кај с. Нов Истевник се исклучува од главниот пат и по тесен асфалтен пат се стигнува до самото село.
Потоа, по пешачка патека се искачува околу 1,5 km кон југ, до надморска височина од 880 m.Така се доаѓа до импозантен ерозивен отсек длабок 60-тина метри, со карактеристични форми на камени кукли по страните.Овде, на должина од околу 200 m се создадени 50-тина земјени пирамиди со височина до 15 m. Дел од нив се сосема одвоени и наликуваат на човечки фигури – скаменети кукли, па оттука и името на појавата.
За настанаувањето на кукуљето има бројни легенди, приказни и верувања, кои најчесто велат дека станува збор за скаменети сватови или свадбари кои направиле нечесна работа. Сепак, науката укажува дека куклите се природна појава, настаната со вековна ерозија на трошните седиментни карпи, при што заостанале само поцврстите делови.
Најистурените и најстари пирамиди, што се наоѓаат поблиску до долинското дно на Истевнички Поток, веќе се сосема оформени. Над нив се помлади пирамиди, сѐ уште поврзани со седиментни гребени со кои заедно градат сложени форми што наликуваат на замоци и куполи. Така, процесот се поместува нагоре по падините, што значи создавањето на пирамидите е активно и денес. Инаку, изградувањето на земјените пирамиди во Кукуље е тесно поврзано со уништување на природната вегетација, како и длабокото всекување на Истевнички Поток во моќните седиментни слоеви. Кукуљето е многу интересна релјефна појава, втора по важност од овој вид во Република Македонија. Локалното население се гордее и им се восхитува на куклите, а во последно в реме и м с е в осхитуваат бројни посетители од нашата држава па и пошироко.
Поради разновидноста на формите, димензиите, колоритот, околната густа шума и чистиот воздух, секој што ќе го посети Кукуље,останува восхитен и посакува да дојде повторно. Неодамна, локалитетот е делумно уреден и заграден од безбедносни причини, па слободно може да се ужива во Кукуљето, да се фотографираат и набљудуваат куклите стари стотици години. Воедно, може барем на кратко да се одморите на поставените клупи и да ја почуствувате недопрената природа.
Во 2008 година локалитетот е уреден и заграден од безбедносни причини. Направени се неколку видиковци и патеки, па слободно може да се ужива во Кукуљето, да се фотографираат и набљудуваат куклите стари стотици години. Воедно, може да се одморите на поставените дрвени клупи.
Туристички атрактивности: уникатна појава на камени кукли (земјени пирамиди), голем природен отсек – мел со одличен поглед, густа шума, богат растителен и животински свет.