Цркви и Манастири
Општина Берово има богато културно наследство. Најдобро зачувани споменици на културата во Малешевијата се старите, реновирани или обновени цркви во населбите. Ги има речиси во сите населени места, се разбира, со различна историска и културно – уметничка вредност. Некои од нив се со прекрасни иконостаси, нaправени од вредните мајстори, украсени со оригинални и уметнички вредни икони.