Клима

Со оглед на големата надморска височина од 800 м владее умерено континентална клима која на некои места се модифицира и преминува во планинско-континентална, а се карактеризира со студени зими и свежи лета. Берово е град со највисока концентрација на кислород на Балканот. Средната годишна температура во општината е 11.1˚C.. Берово е град со најмногу сончеви денови во текот на годината во Република Македонија, со просечен износ од 6.4 сончеви часови дневно. Оваа компаративна предност во последниот период интензивно се користи за вградување на сончеви колектори во јавните институции и индивидуалните куќи, во прилог на зголемување на енергетската ефикасност.