Ткајачка

Жените од Малешевијата како чувари на традицијата се уште со голем ентузијазам ја обработуваат волната од овци и кози и изработуваат облека и јамболии, килими, пешкири, черги и др.

Филц

Филцот е современа техника, но во Mалешевијата e позната од многу одамна како правење на “калчини“ (потколеници и елеци за комитите).

Ковач

Важноста на ковачилницата низ вековите наназад била огромно. Без незините изработки како алатките за домаќиство, градинарство, сточарство, па дури и изработката на оружје, не можело да се замисли секојдневието на луѓето. Во Берово работилници од овој занает сеуште живо работат и тоа по вековно старите начини на изработка, создаваат предмети со квалитет кој трае со […]

Изработувач на каци и бочви

Македонија како земја на виното има голема потреба од бочварскиот занает, а се поретки се луѓето кои се занимаваат со овој занает. Изработката на бочва е макотрпна работа од која зависи квалитетот на виното. Најквалитетна бочва се произведува од Француски Даб или Цреша.

Калајџија

Минатото без бакарните садови за употреба во домаќинството не можело да се замисли. Нивната рачна изработка бил долг процес за кој требало мајсторот да поседува многу знаење и вештини. Овој занает во Берово уште му пркоси на времето и неговите производи како репрезентативни примероци се наѓаат во послужувањето во рестораните и меаните, а исто така […]

Копаничар

Дрвото е материјал со неограничени можности. Во Малешевијата можете да видите како се изработуваат секаков вид на икони во византиска техника, комплетна иконографија, фрескопис и иконостаси од дрво. Уметничките слики се уште еден предизвик да ги посетите локалните уметници. Копаничарите од Малешевскиот регион се познати и по квалитетната изработка на секаков вид резба – плитка, […]

Воденичар

Воденичарството е стар занает со кој на традиционален начин се произведува брашно од житните култури, кои биле и сеуште се, основен елемент во исхраната на луѓето. Водениците се граделе покрај реките каде што водата се искористувала за придвижување на големите тркалезно-мазни камења, кои ги мелеле разните житарки од кои се добивало брашно кое го користеле […]