На 15км од Берово, на 1400мнв на самата граница со Бугарија, се наоѓа најпознатото традиционално бачило во земјата „Бачило Клепало“. Тука можете да уживата во недопрената природа, маркираните патеки за планинарење и планински велосипедизам, автентичните малешевски специјалитети подготвени на самото бачило од вештите раце на баба Весела.