патека Берово – Ратево

Патеката е 5,5 км. долга и започнува од Берово на 850 метри надморска височина. Во почетниот дел од пешачењето се минува покрај црквата Св. Илија, значајна црква за Беровчани со традиција на организирање на црковен оброк на празникот Илинден на 02 Август. Највисоката точка на патеката е на местото Рачица на 1080 м.н.в. и од највисоката точка има убав поглед кон селата Ратево и Русиново. Патеката завршува во село Ратево на 850 м.н.в. висинската разлика е 230 м.