Копаничар

Дрвото е материјал со неограничени можности. Во Малешевијата можете да видите како се изработуваат секаков вид на икони во византиска техника, комплетна иконографија, фрескопис и иконостаси од дрво. Уметничките слики се уште еден предизвик да ги посетите локалните уметници.

Копаничарите од Малешевскиот регион се познати и по квалитетната изработка на секаков вид резба – плитка, длабока, поткопана, ажурна и скулптурна, како и по раскошните декоративни елементи за ентериери.