Врв Петлец – Гроб на Даме Груев
Локалитетот Петлец е оддалечен 12 km од Берово, во близина на Русиново на оддалеченост 7 km од селото. На ова место, во срцето на Малешевските Планини, во 1906 година згасна животот на Дамјан Груев, еден од најголемите македонски револуционери, визионер и борец за самостојна и независна Македонија.
Во негова чест секоја година, викендот пред 23 Декември, денот на неговото загинување во нерамноправна борба со турскиот аскер, се организира традиционален марш По врвиците на војводите од с. Русиново до врвот Петлец.