Мурите
Мурите е локалитет што се состои од мешана состоина од ела (Albies Alba), бука (Fagus Moesiaca), бел бор (Pinus silvestris) и смрча (Picea Excelsa), која расте на подлога составена од дволискунски порфиробластични гнајсеви со прекамбриска старост. Насадот во којшто се застапени елата и смрчата, со помали примеси на бел бор и бука, зазема површина од околу 10 хектари. Состоината се наоѓа во Шумско-стопанската единица “Малешевски Планини”. Главен вид овде е елата. Таа тука го достигнува најисточниот ареал на распростирање во Македонија. Тоа е и единствено наоѓалиште со ела на Малешевските Планини. Со објектот управува ЈП Македонски шуми, Шумско стопанство “Малешево” од Берово