Мелови – паркач
Мелови се многу интересни геоморфолошки форми, особено застапени во подрачјето во Малешевијата. Се одликуваат со карактеристичен амфитеатрален изглед кој се стеснува кон подножјето, така што наликуваат на пресечена инка.
Набљудувајќи ги меловите, вниманието можат да ни го привлечат нивните страни. Тие обично се хоризонтално слоевити, изградени од неотпорни седиментни карпи (песоци, песочници, глини). Затоа и боите на страните од меловите варираат од сивкаста, жолтеникава, црвеникава до кафеава. Страните се интересни и по длабоките бразди, долчиња, ендеци, па дури и земјени пирамиди.