Хотел манастир
Сместен на излезот од градот Берово (на патот кој води кон езерото), хотелскиот комплекс “Манастир” се одликува со традиционална манастирска архитектура, налик на манастирот Св. Архангел Михаил, до кој и се наоѓа. Располага со сместувачки капацитет од 60 легла распоредени во две крила, од кои и 2 delux апартмани. За туристите има обезбедено бесплатна безжична интернет конекција. Ресторанот е со капацитет за 64 особи, со ентериерот на етно – куќа, а летната тераса е со 60 места. Тука може да се вкусат локални специјалитети карактеристични за Малешевијата. За одржување на семинари, презентации и конференции комлексот располага со комплетно опремена голема сала со 60 седишта и мала сала за состаноци со 10 седишта. Хотелскиот комплекс ‘Манастир” во својата понуда содржи и терен за тенис, кој може да се пренамени во терен за фудбал или кошарка, детски парк со лулашки, изнајмување на велосипеди, сопствен паркинг простор.