Туристичка населба Абланица
Абланица е туристичка населба распространета на двете страни на р. Брегалница. Се наоѓа на 2 км од Берово и е местото со најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во општината. Може да ја посетите новоизградената црква “Св. Петка“ со фрескопис и иконостас изработен од локални уметници. Во моментот таму се наоѓаат околу 130 викенд куќи, а дел од нив се приватни сместувачки капацитети во општината.